
Вакцинацијата против овчата сипаница е почната, но поголемиот дел од овците во моментов не смеат да се вакцинираат поради периодот пред јагнење. Потпретседателот на Асоцијацијата на одгледувачи на овци, Насер Џемаили, вели дека вакцината не смее да се дава шест недели пред јагнењето, бидејќи во спротивно може да предизвика несакани ефекти.
,,Да, веќе се вакцинира, но само тие стада кои што нема да се објагнат. Реално другите вечинум сега се периодот пред јагнење и не смеат да се вакцинират, баш поради ова ние апелиравме и баравме, па затоа често бевме и по медиуми за да што побргу се убрза процесот, по што знаевме дека шест недели пред јагнење не може да се вкацинира, пошто од кога ќе ја примаат вакцината ќе абортираат овците и така.”, вели Џемаили
Оние овци кои сега нема да се вакцинираат против оваа болест, Џемаили вели дека, според консултациите со ветеринарите, ќе можат да се вакцинираат дури од март следната година.
,,Па ние се консултираме со нашите ветеринари и тие ни рекоа дека крај на март би можеле тоа да го спроведат. Сега колку ќе издржат овците за да не ги фати болеста, тоа остнаува да се види. Секако сме се уште во ризик. Aко има заболени овци и малите јагниња можат да заболат уште одма.”, кажа Џемаили
Џемаили додава дека со истата болест повеќе од една година се соочуваат и соседните држави кои исто така морале да почнат со вакцинација,
,,Па сите имаат проблеми, знаеме дека една година и повеќе имаат соседните држави, на крај немаат друго решение и веќе и тие почнаа да вакцинираат. Само кај нас, тргнавме на време и не го добивме истото, затоа болеста се прошири многу брзо, имаше штета и ќе имаме.”, додава Џемаили
Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.
Иван Митев, М-Нет