Образованието некогаш и денес низ призмата на некогашни професори и ученици

Денеска светот го одбележува Светскиот ден на просветните работници, луѓето кои одбрале да се занимаваат со најблагородната професија. Секое дете, секој ученик има свој учител херој. Првите учители и учителки се со ептитет втора мајка, од нив се раѓа првото знаење, со нив се најубавите детски момети. Граѓаните во Штип велат не се сеќаваат што појадувале вчера, но првата учителка е далбоко врежана во нивните глави.

Една од професорките во штипската гимназија се сеќава на нејзните работи денови како да биле вчера, и покрај тоа што во пензија е веќе девет години. Како што ни раскажа Зора Коцева, професор по биологија денешното образование е многу поразлично од пред многу години. Тогаш почитта кон наставниците била на повисоко ниво, начинот на предвања, но и знаењето кое го добивале учениците.

„Бев колешка со моите професори, имаше голема почит прем нив, учевме од нив се не се учи на факултет, нешто мора да се науче директно и од другите колеги, пример ми беа моите добри професори, се трудев цело време да бидам и со учениците во комуникација, никогаш не сум била престрога, за разлика од претходните професори кои понекгаш беа и страв за учениците“ – кажа Зора Коцева професор во пензија.

Денеска начинот на одвивање на настава, но и условите се поразлични, помодерни и пософистицирани. Според Коцева не е се во убавите врати и прозорци, модерни клупи и лакирани подови, потребно е знаење, но и начин на кој истото ќе биде пренесено на учениците и како да допре до истите.

Денот на просветните работници денеска на сите учители и учителки им го честиташе и Министерката за образование и наука Мила Царовска, од нејзино име во име на МОН и Владата.

Лаура Стојанова М-Нет