Нова тротоарска површини ќе добие нас. Стар Караорман, ќе се реконстуира и патниот правец

Започнаа активностите за уредување на тротоарски површини на влезор од населбата Стар Караорман во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истака дека на населбата ќе и се обезбеди пешачка патека, која ќе ја користат не само ученицитекои што минуваат од тука, туку и жителите на самата населба. Проектот беше презентиран уште во изборната програма, а со истиот ќе се зголеми безбедноста на пешаци, имајќи во предвид дека овој е пат доста фрекфентен и поврзува две општини.

“Се наоѓаме во населбата стар Караорман овде се започнуваат активности за уредување на тротоарски површини на влезот од самата населба.Практично на долниот крај, долниот дел од населбата е поврзување со ОУ од истата населба и обезбедување на пешачка патека, која што ќе ја користат не само учениците кои што минуваат, туку и жителите од населбата Стар Караорман. Овој проект во изборната програма која што имавме можност да ја презентираме на жителите од стар Караорман, дека влезот на оваа населба ќе биде уреден со тротоарски површини и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, имајќи во предвид дека овој пат поврзува две општини и е доста фрекфентен.”, истака Јорданов

Тротоарската површина се очекува да биде готова за една недела, а веднаш потоа ќе се пристапи кон асфалтирање на патот, кои што поминува во самата населба, додава Јорданов

“Како прва фаза од проектот се тротоарските површини и очекувам некаде за околу една недела од денес да бидат завршени , а веднаш потоа ќе се пристапи кон асфалтирање на овој пат, кои што поминува во самата населба Стар Караорман и која што води до населбата Баби до самиот булевар Партизанска. Така да, ова што денес го најавувам, така да очекувам ова да се случува за околу две недели од денес.

Инаку за реализација на ваквиот проект, од буџетот на општината се издвоени повеќе од еден милион денари само за тротоарските површини, а некаде околу 30 милиони денари се планирани преку ЈПДП за реконструкција на патот кој практично ги поврзува населбата баби со населбата Стар Караорман.

Лаура Стојанова, М-Нет