
Граѓаните кои живеат во Ново село во Општина Штип ќе добијат нов уреден парк за најамалите но и повозрасните да имаат каде да го поминат слободното време, истакна денеска на прес конференција Директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев. Тој додаде дека по поголго време новоселци ќе добијат парк со зеленило, клупи и реквизити за децата.
„Денес дојдовме овде на оваа земја кај што и вие самите знаете дека е благородна, едноставно да ви посветеме малку повеќе внимание и од денес започнавме со изградба на парк на ова место под црквичката Свети Спас и може да кажее во населбата Ново село.“ – кажа Коцев.
Со оглед на фактот дека паркинг простор кај Ново село не се наплаќа, а доста се користи, Коцев истакна дека тоа нема да претставува опасност по безбедноста на децата бидејќи паркот ќе биде соодветно заграден.
Граѓаните кои живеат во овој дел од град Штип, велат повеќе од потребно е место односно добро уреден парк и простор за одмор и релаксација.
Со најавата за нов парк во населба Ново село граѓаните се задоволни од досегашната заложба на старо новиот директор на ЈП „Исар“, Коцев.
Коцев ги најави почетните активности за новиот парк во Ново село, додавајчи дека се обезбедени сопствен средства, а за висината на истите истакна дека ќе се сооптина дополнително.
Лаура Стојанова М-Нет