
Нов паркинг простор добиваат жителите во населба Осми Ноември. Просторот кој некогаш се користел како место за спорт и рекреација, по барање на жителите ќе биде пренаменет и ќе се користи како паркинг. Градоначалникот Јорданов, од лице место посочи дека населбата Осми Ноември веќе доби ново спортско и детско игралиште и затоа овој простор ќе биде преуредена како паркинг простор.
„Веќе извесен период се работи во населбата Осми Ноември, на улицата Енегелсова и булеварот ЈНА. На барање на жителите се наоѓаме на простор кој порано се користел како место за спорт и рекреација. Со оглед на тоа дека во оваа населба веќе се направи спортско и детско игралиште овој простор ќе биде паркинг простор.“ – вели Јорданов.
Во наредните денови екипи на ЈП Стипион ќе работат на уредување на просторот како и осветлување на истиот. Во меѓувреме се работи на уредување на влезовите пред станбените згради во оваа населба.
„ЈП Стипион во наредниот период ќе работи на подготвителни активности за тампонирање и бетонирање, целосно осветлување. Освен ова се уредуваат и влезовите на станбените згради.“ – додава Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека во тек се активности на терен во повеќе населени места во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет