Нов паркинг добиваат жителите на ул. Боро Арсов во нас. 8-ми ноември во Штип

Нова паркинг површина добиваат жителите на улицата Боро Арсов во штипската населба 8 ми ноември. . Паркингот се поплочува со павер елементи, а инвестицијата надминува 400.000 денари. Како што информира градоначалникот Иван Јорданов, останува уште една сервисна улица, која што ја користат жителите од околните станбени згради да биде уредена и сто тоа во населбата ќе бидат завршени комплетно активностите, кој траат со години.

,,Продолжуваат активностит во нас. 8-ми Ноември. Се наоѓаме на ул. Боро Арсов. Се работи на паркинг површина веднаш до станбени згради. Паркинг површината се користи од страна на жителите и по нивно барање се уредува со павер елементи. Повеќе од 400 000 денари ќе бидат инвестирани во рамки на оваа предвидена активност. Останува уште една сервисна улица, која што ја користат жителите на околните станбени згради, да биде уредена и со тоа комплетно во нас. 8 ноември се завршува активноста која што трае неколку години наназад за уредување на влезовите, проширување на паркинг површините, уредување на сите запоставени не уредени делови во рамки на населбата.“, рече Јорданов

Oна кое што се планира за следните месеци во оваа населба е и асфалтирање и рехабилитација на двете сообраќајници Енгелсова и ЈНА, додава Јорданов

Со ваквите инвестиции, како што рече градоначлникот Јорданов, населбата во иднина ќе изгледа помодерно и поурбано место од тоа што била затекната во годините порано.

Иван Митев, М-Нет