Ниски цени и покрај штетите од невремето кај земјоделците на пазарот во Штип, граѓаните велат супер е

Евтин за првпат ова лето беше денешниот пазарен ден за купувачите во Штип. Најбарани беа доматите, пиперките и лубениците, а на тезгите почна продажбата и на првите илинденски класја, кои традиционално се купуваат во пресрет на празнико. Граѓаните велат дека цените се прифатливи за нивниот џеб и дека маката на земјоделците е голема, па затоа не им е жал да платат поскапо, кога производот е домашен и квалитетен.

Иако останаа со половина род по невремето што најмногу ги погоди продавачите, тие велат дека не се откажуваат, а цените нема да ги покачат. Децидни оти доматите се најмногу трошат.

Дополително денеска се продаваа и сливите џанки, тазе круши, праски, изобилие на лубеници и дињи, како и многу домашни и свежи јајца, млеко и набрани планиниски чаеви

Иван Митев, М-Нет