
Со враќање на гламурот и сјајот, со многу изненадувања и на поинаков начин ќе се одржи овогодинешното издание на „Макфест“. Со променета локација, но повторно на отворено поради ковид – пандемијата првиот човек на градот под Исарот, д-р Сашко Николов, го најави организирањето на макфестовата музичка магија. Тој додаде дека секој љубител на убавото, магичното може да го проследи и да ужива во она што се нарекува „Макфест“, истовремено почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид – 19.
„Годинава „Макфест“ ќе се одржи на 17 и 18 септември, на новиот базен – Аква паркот во Штип. Специјална бина, специјана организација со осветлување и озвучување, специјални коридори за движење на пејачите, специјални коридори за движење на самите уживатели на тој „Макфест“… Ќе имаме неколу изненадувања коишто ќе бидат пред започнување на „Макфест“ и во забавниот дел. Ќе имаме и посебна организација во самиот забавен дел, така што оваа година ќе имаме прекрасен „Макфест“, којшто ќе биде на отворено во Аква паркот во Штип и каде што врвни наши естрадни уметници ќе учествуваат и ќе дадат една посебна точка на гламур, сјај и шарм на „Макфест, 2021““, истакна Николов.
И минатата година „Макфест“ во Штип се реализираше под отворено небо, со добра организиација, снимање од земја и со дрон, од птичја преспектива. Николов уште на почетокот од неговиот мандат информираше дека овогодинешното издание на „Макфест“ ќе биде поразлично, а она што сега се ветува е дека гламурот ќе биде дел од „Макфест“.
Лаура Стојанова МНет