Никола Караколев со Еуро Никел против МЗТ ќе се бори за кошаркарскиот шампионски трофеј на Македонија

Кошаркарите на Еуро Никел од Кавадарци го елиминираа тимот на Работнички од Скопје и се пласираа во големото финале за шампион на Македонија. Тие победија и во вториот натпревар со резултат 88:87 во продолжението, откако во регуларниот дел мечот заврши со резултат 74:74. И овој пат клучна улога одигра штипјанецот Никола Караколев чија рака беше прецизна во најрешавачките моменти. На крајот Никола Караколев имаше учинок од 15 постигнати кошеви а ефикасни уште кај Еуро Никел беа Дарко Соколов со 18, Дубински и Рикич постигнаа по 16 и Мијатович кој постигна 7 кошеви. Битката за трофејот на Македонија ќе го водат Еуро Никел и МЗТ кој исто така со 2:0 го елиминираше Пелистер, а победникот ќе се добие по три добиени средби а првиот меч ќе се одигра во среда.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk