Непрописното паркирање, дополнителен стрес за граѓаните на Општина Штип

Услугата со паркинг просторот, преставува огромен проблем за граѓаните на Општина Штип. Обележани паркинг места генерално има, но и несовесни возачи кои своите автомобили ѓи оставаат и на места коишто не се за таа намена. Тротоарите ја менуваат својата нормална функција, бидејќи наместо пешаци почесто може да се забележат автомобили. Нередетот и гужвата создаваат дополнител стрес како за возачите, така и за останатите учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги и пешаците. Со апел до граѓаните се обрати и директорот на ЈП Стипион, Протоѓеров, кој претпорачува  да се паркира на места обележани за таа намена, и да се  плати билетот, со цел да не се интервернира со блокатори од нивна или од страна на полицијата. Бројот на паркинг места во градското подрачје во Општина Штип, неофицијално е околу 750, со тоа што се работи на нова паркинг платформа па се очекува бројот од задоволителен моментло, да помине во многу добар. Во град Штип, речиси сите паркинг места се наплаќаат, а неправилното паркирање на неодбележан паркин простор се санкционира. Граѓаните можат да платат на два начини и тоа: со купување на билет кој чини 20денари и има означено видливи места од кадешто може да се купи, или со смс порака. Ненаплаќањето на паркинг услугата се казнува со блокатор за чие отсранување се наплаќаат 700ден.

Лаура Стојанова М-Нет