Непречено се одвива процесот на вакцинација во Штип и Пробиштип

Непречено се одвива вакцинацијата и во Пробиштип. Започнувајќи од месец март годинава до денеска нема застој во процесот на имунизација. Најпрво се вакцинираше со вакцината Астра зенека постарото население, а потоа и граѓаните со вакцината синофарм. Олеснителен факт е што граѓаните кои имаа закажано за вакцинација во Штип, можеа вакцина да примаат и во Пробиштип, со цел намалување на патните трошоци.

„Првите вакцини ги почнавме со „Астра зенека“ и почнавме со најранливата категорија граѓаните над 70 годишна возраст на нашите граѓани кои веќе имаа закажано имунизација во главниот пункт во Штип и за да ги поштедиме да не патуваат за Штип ѓи превземавме тука. Потоа продолживме со 500 дози на „Синофарм“. Досега имаме вакцинирано 700 наши граѓани над 60 и 70 години“ – кажа директорката на Здравен Дом Пробиштип, Љупка Давитков.

Заинтересираност за вакцинација во Пробиштип има, посочи директорката на Здравниот дом во Пробиштип, Љупка Давитков, која додаде дека има и интерен список па по завршувањето на вакцинација преку Мој термин ќе се повикаат и овие граѓани.

Од вчера и во пунктот за имунизација во Пробиштип започна вакцинацијата со кинеската вакцина „Синовак“. Со истата вакцина продолжува имунизацијата и во салата „Јордан Мијалков“ во Штип каде денеска на столче за вакцина треба да седнат околу 500 граѓани. Имунизацијата на населението во овие вакцинални пунктови ќе продолжи од понеделник.

Во меѓувреме од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата тече непречено на сите пунктови во државата. Досега над 450 илјди граѓани примиле прва доза вакцина, а ревакцинирани се над 195 илјади граѓани.

Лаура стојанова М-Нет