
Денес се одиграа натпреварите од 19 коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток во која имаше неколку неочекувани резултати. Лидерот на табелата Брегалница во Штип беше изненадена од „рударите“ од Македонска Каменица кои освоија драгоцен бод а ако и стативата не беше сојузник на Брегалница можеби ќе заминеа со песна. Брегалница дојде во водство во 21 м. по ударот на Кристијан Ацковски топката удри во телото на еден одбранбен гостински играч и ја затресе мрежата. Каменица Саса го израмни резултатот во 86 м. со гол што го постигна Илија Донов. Ова беше награда за херојската игра на гостите од Каменица Саса за конечен резултат од 1:1. Во прилог на Брегалница и олеснително им дојде и нерешениот исход на Тиквеш во Кавадарци. Еве ги комплетните резултати од ова 19 коло: 1.Брегалница – Каменица Саса 1:1
2.Тиквеш – Слога 0:0
3.Кит Го Пехчево – Победа 2:2
4. Кожув – Плачковица 2:1
5. Осогово – Росоман 4:1
Табела
- Брегалница 49
- Тиквеш 42
- Кит Го П 29
- Кожув 29
- Осогово 26
- Каменица С 22
- Слога 22
- Победа 16
- Плачковица 11
- Росоман 8
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk