
Климатски услови непогодни за земјоделието и недоволно вреднување на трудот на земјоделецот резултира со намалување на земјоделските површини, приносите, како и исчезнување на дел од културите. Професор Илија Каров, вели дека заради промените во климатските промени се намалуваат приносите, но проблем е и ниската откупна цена на дел од културите како на пример пченицата и оризот.
„Држава како Македонија и било која држава во светот, ако нема сопствено произвпдство на леб, на пченица, па леб тоа влева една несигурност кај целото население во државата. Мора секоја држава да има сопствено производство на пчаница. Ние имаме доволно површини, но со една ваква политика, не се вреднува трудот на земјоделците, со ниска и нерегулирана откупна цена луѓето сакале или не полека ќе се одалечат, ќе ја напуштат ттаа култура.“ – вели Каров.
Мора да се бара решение кое би помогнало младите да се вратат и да работат земјоделие, со што државата не би била зависна од увоз на земјоделски производи. Останатите држави како Италија и Србија на пример нудат помош за решавање на станбеното прашање со услов младите да останат во село и да работат земјоделие. Нешто слично е потребно и кај нас вели не, за младите да останат не во село, туку во државата.
„Во Македонија не се размислува за еден ваков проект, а имаме многу села кои се иселени. Малку треба државата да вложе се со цел младите да го решат станбеното прашање. Не е доволно само стимулација, купување на механизација, нема кој да работи.“ – додава Каров.
Како што посочи Каров потребно е да се едуцираат младите, да се вложува со цел да можат да останат и да работат на село и да се занимаваат со земјоделие. Во спротивно ќе исчезнат и сегашните култури, како што исчезнаа шеќерната репка, маслодајните култури, памукот и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет