Започна шестиот дел од доизградбата на речното корито на реката Козјачка во Општина Карбинци

Започна шестиот дел од доизградбата на речното корито на реката Козјачка во Општина Карбинци. Оваа фаза вклучува продолжување на кејот на реката со должина од 140 метри, што е дел од поголем проект за обезбедување на безбедноста на жителите, особено при поплави. Дополнително, ќе се изгради нова рекреативна патека покрај реката, која ќе придонесе за подобрување на условите за активен одмор и туризам. Како што истакна градоначалникот Виктор Паунов оваа инвестиција ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ја зајакне заштитата на локалното население.

,,Започнуваме со реализација на уште еден голем значаен проект за општина Карбинци, но и пред се за селото Карбинци. Се работи за доизградба на речното корито на реката Козјачка во атерот на селото Карбинци. Имено се работи за веќе шеста фаза или шести дел кој што ќе значќи продолжување на самиот кеј на ова речно корито со должина од 140 метри дополнително ќе биде изграден овој кеј и ќе биде озовможено стаза или патека за рекреација покрај самото речно корито. Овој проект е значаен од повеќе аспекти, пред се за самата безбедност на жителите на селото Карбинци при евентуални поплавувања.“, рече Паунов

Проектот е финансиран од страна на бирото за регионален развој потенцираше градоначалникот Паунов. Додаде дека изградбата очекува да биде завршена до крајот на оваа година.

Со ваката инвестиција, жителите од една страна ќе добијат патека за рекреација, од една страна, како и заштита од евентуални поплави од друга страна.

Иван Митев, М-Нет