
Над 90% од огледувачите на свињи во Облешево се обештетени, односно исплатени за уништувањето на нивните свињи заради болеста африканска чума. Ама жителите велат дека сѐ уште немаат информација од кога повторно ќе може да чуваат свињи за сопствена потреба. Според нив, ситуацијата е тешка, бидејќи претходно секое семејство имало барем по една свиња, а сега едвај може да си дозволат да купат еден килограм месо.
„Свињите ги исплатија на 90% од одгледувачите е исплатено, ама не по таа цена што ние мислевме. Друга работа, зошто не ни дозволуваат да одгледуваме, кога веќе болест нема. Нема епидемија нема ништо, ние сме научени, наместо да произведуваме месо и да не бидеме терет на никого, ние сме приморани да бараме килограм месо.“ – вели Арсов.
Ако надлежните донесат мерки по европски стандарди за одгледување на свињи, нема да може секое домаќинство да одгледува туку само одредени фарми. Ова е факт што ги плаши дополнително, и покрај тоа што непознато и под знак прашалник е кога повторно во кочините во кочанско ќе може да се одгледуваат свињи.
„Свињи кажавме дека нема, чекаме мерка да донесат од Влада за да ни дозволат за да чуваме и тоа е под знак прашалник веќе доведено, со тие стандарди кои сакаат да ги направат европски. Мислам дека веќе нема да може секој да чува, бидејќи само одредени фарми ќе мора да чуваат и ќе мора да престанеме да чуваме“ – додава Максимов.
Забраната за чување свињи стапи на сила пред половина година кога се појави првиот случај на африканска свинска чума, најпрво во делчевско, а потоа и во останатите општини од регионот. Тогаш масовно се уништија сите свињи, а одгледувачите се обештетни.
Лаура Стојанова М-Нет