
Големи снопови праз се купуваат на штипскиот пазар. Граѓаните полека се подготвуваат за зимата, па и покрај тоа што цената им е висока, велат дека мора да се купи. Празот често го има на домашната трпеза, особено во зимските месеци, кога од него се подготвуваат зелници, пити, сарми, но и разни јадења со месо.Некои купуваат и по 20 стракчиња за зимата, бидејќи, како што велат, нема зима без праз.
За да ја задржи свежината и да не овене, празот треба правилно да се складира. Домаќинствата го закопувале во земја за да остане свеж во текот на претстојната сезона.
И производителите потврдуваат дека нема зима без праз. Велат дека празот е квалитетен, а најубав според нив е оној од радовишкиот крај.
Нема купувач од штипскиот пазар кој си оди без да купи праз. Со големи количини, полни раце и залихи за зимата, граѓаните полека се подготвуваат за студените денови.
Ева Тушевска, М-Нет