
Драстично намален бројот на средношколци кои се запишани прва година во СОУ „Димитар Мирасчиев“ во Штип. Согласно податоците ако во 2018 година имало 37 ученика, таа бројка оваа година е намалена на само 24. Оваа година беа слободни 95 места за упис во прва година во четири профили, ама слободни останаа дури 70. Учениците можеа да бират во кој профил ќе го продолжат своето образование, Техничар за изработка на облека која е по концептот за дуално образование, техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање на облека или со тригодишно образование конфекционер. Сепак бројката на запишани ученици остана далеку од онаана слободни места.
„Во средното стручно училиште Димитар Мирасчиев се забележува намалување на бројот на ученици кои се запишуваат во прва година. Бројките се движат пример во 2018 година имало запишано 37 ученика во прва година, во 2019 – 25 ученик, во 2020 – 18 ученика. Веќе во 2021 и 2022 година имаме мало зголемување на бројот на ученици и доагаѓме до бројката од 32 за потоа повторно оваа бројка да почне да опаѓа. Во 2022 годинаимаме 27 запишани ученика и оваа година само 24 ученика. “ – вели Санева.
Ако со годинините наназд имало од пет до седум паралелки со голем број на ученици годинава има само две и тоа со намален број на средношколци.Според Санева осипувањето се чувствува секаде.
„Ова училиште секоја година поднесува барање за формирање паралелки со помал број на ученици, така е и оваа година тие имаа барање за две паралелки и им беше одобрено тоа. Инаку од годините знаеме дека ова училиште имало голем број на ученици од пет до седум класа со голем број на ученици и тоа со полни паралелки.“ – вели Санева.
И оваа учебна година СОУ Димитар Мирасчиев се најде на крајот на листата согласно бројот на запишани ученици.
Лаура Стојанова М-Нет