Некогаш Македонија хранела пола Југославија, денес увезува храна и земјоделски производи, тврдат земјоделците

Македонија некогаш била аграрна земја која произведувала и снабдувала со земјоделски производи низ цела поранешна Југославија. Од Македонија кон другите републики се носеле лубеници, грозје, ориз и други земјоделски производи, а денес земјава е зависна од увоз, тврдат земјоделците. Според нив, наместо домашното производство да биде основа за снабдување на пазарот, сè поголем дел од потребите се задоволуваат преку увоз.

,,Значи, пази сега ќе ти кажам, јас сум многупати зборил за бивша Југославија кога беше сојузот Србија, Босна и Херцеговина, Македонија беше направена држава да произведува земјоделие, од Македонија до Словенија, се носеше лубеница, грозје, ориз па не знам што друго, ние бевме аграрна земја, додека сега сме ние увозна земја. Кој увезува не знам“

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, денес земјава навистина увезува повеќе отколку што извезува, а разликата се гледа и кај храната. Во првите осум месеци од годинава, увозот на храна и живи животни бил речиси двојно поголем од извозот, а покриеноста на увозот со извоз кај вкупната стоковна размена изнесува 70,4 отсто.

Ева Тушевска, М-Нет