Не се откажуваат – пензионерите од Свети Николе и денеска на улица, протестите ќе се радикализираат

Пенизонерите од Свети Николе не се откажуваат од своите барања поврзани со покачување на пензиите линеарно за 3500 денари како и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Како што најавија вчера денеска повторно излегоа на улица. И покрај фактот дека не е според планираното, односно земјоделска механизација немаше, сепак и денеска порачаа дека остануваат на улица се додека не ги добијат нивните барања.

Секој ден на различна локација ќе биде блокирана крстосница или главна улица во Свети Николе. И денеска потенцираа дека на протест ќе одат опремени за да може да се бранат. Протестите од ден на ден ќе бидат се порадикални додаваат пензионерите. Во оваа прилика упатија апел до пензионерите од цела држава да бидат сложни и масовно да излегуваат на протест за да може да ги добијат своите права.

Инаку, до крајот на месецот од Министерството за труд и социјална политика треба да излезат со конкретни предлози во врска со барањата на пензионерите.

Лаура Стојанова М-Нет