Најголемата победа ВМРО ДПМНЕ во Штип ја очекува во населбата Баби, Јорданов вети повеќе работа

Историски најголемата победа ВМРО ДПМНЕ во Штип ја очекува во населбата Баби. Вчеравечер, кандидадот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, посочи дел од капиталните проекти додавајќи дека ќе продолжат да вложуваат и да работат уште повеќе.

„Со проектите кои имавте можност да ги погледнете, со воведувањето на јавниот градски превоз, со изградбата на овој прекрасен парк, со изградбата на булеварот Партизанска и поврзувајќи ја населбата Баби со останатиот дел од градот, со изградбата на мега паркот Иднина, со изградбата на низа капитални проекти покажавме еден поинаков пристап, покажаваме и ќе покажеме дека најдоброто допрва доаѓа“ – вели Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат на гласање и да го остварат своето демократско право на глас.

Мини митинг, односо средба со граѓаните се остварува секоја вечер во сите населени места во Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет