Над 46 000 денари е просечната нето-плата во Македонија, тврдат од ДЗС

Над 46 000 денари, изнесува просечната месечна нето плата во Македонија, тврдат од државниот завод за статистика. Само во јануари, тие соопштуваат дека платата изнесува 46 617 денари, што според нив е повисока за 8,3 проценти. Ваквото зголемување потенцираат дека пред се се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и преработувачка индустрија.

„Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46 617 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари. Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.“, велат од Државниот завод за статистика

И додека од една страна зголемувањето од јануари е забележано во овие сектори, сепак од друга страна се забележува и намалување на месечни нето плати по вработен, во одност на преходниот период во секторите: транспорт и складирање за 7,4 проценти намалување, градежништво за 5,3 и финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8 проценти.

Иван Митев, М-Нет