На отворено во подножјето на тврдината Исар за првпат годинава ќе се одржи „Д Фестивал“

Од оваа година традиционалниот „Д Фестивал“ се сели во Штип. Три дена во месец јули граѓаните од Штип, но и од цела држава ќе живеат во ритамот на фестивалот. Овој фестивал е од големо значење за Штип, со оглед на фактот дека ќе се зголемат културните активности, но ќе се подобри и локалната економија во Штип. Сите сместувачки капацитети ќе бидат на пасполагање на посетителите, а жителите на Штип нема да биде ставени во мат позиција заради гласната музика и бучавата.

„Д фестивал којшто верувам ќе ја зголеми културата во нашиот град, можностите, но и од аспект од јакнење на локалната економија. Многу е важно шти три дена во месец јули во градот Штип ќе дојдат илјадници посетители, ќе го закупат целиот град, целиот сместувачки капацитет, градот ќе живее во ритамот на фестивалот.“ – вели Јорданов.

Фестивалот ќе се одржи на отворено како и сите годиини претходно, во подножјетот на тврдината Исар, на пешачката патека покрај река Брегалница. Дополнително ќе има соодветна кампинг зона за посетителите и неколку бини.

„Концептот е променет делумно но она кое е белег на фестивалот е кампинг зона, неколку стејџови. Ова лето илјадници посетители ќе бидат дел од фестивалот и сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање“ – додава Јорданов.

„Д Фестивал“ година ќе се одржи по 15 пат, а за првпат во Штип. Неговите почетоци и 14 годишно одржување до сега беше во Дојран.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет