
Тиквеш ја продолжува победничката серија во Првата лига откако вчера преку пресврт со 2:1 славеше над Брегалница и останува на високото четврто место на табелата со 32 бодови.
Во изјава за телевизија М Нет, тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов вели дека натпреварите со Брегалница во поновата историја секогаш биле неизвесни и полни со жар за надигрување и надмудрување. Додава дека со промена на некои работи на тактички и формациски план воспоставиле контрола и во вториот дел направиле пресврт за победа.
„Натпреварите со Брегалница во поновата историја на македонскиот фудбал секогаш биле неизвесни и полни со жар за надигурвање и надмудрување, па така беше и вчера. Тие подобро го отворија мечот, но после 23. минута кога променивме некои работи на тактички и формациски план успеавме да воспоставиме контрола на мечот, а веќе во вториот дел и да ја имаме целосната контрола на натпреварот, а со тоа и да дојдеме до вториот гол. Им честитам на сите мои за прикажаното на вчерашниот меч и се надевам на што подолга серија без пораз, овие играчи на ГФК Тиквеш и т оа како го заслужуваат тоа четврто место“, рече Мојсов за М Нет.
Брегалница по овој пораз останува во зоната за директно испаѓање односно на претпоследното место со 21 бод, а во следното коло на домашен терен ќе игра против Гостивар.
Тиквеш во следното коло ќе гостува во Ѓорче кај Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет