
Мошти на Свети Никола од Бари пристигнаа во градската црква во Штип, по повод утершниот празник посветен токму на него. Верниците ќе имаат можност да им се поклонат утре, кога ќе се одржи централната празнична богослужба. Како што информира протојерејот Добрица Јанев, вечерва со почеток од 17 часот ќе се одржи вечерна празнична богослужба, додека утре, од 8 часот наутро, ќе се служи света архиерејска божествена литургија, на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со повеќе митрополити и свештеници од Брегалничката епархија. Тој упати топла покана до верниците да присуствуваат на поклонението на светите мошти, на празничната литургија, како и на кршењето на славскиот колач, кое ќе се одржи веднаш по завршувањето на службата на познатата штипска улица „Едносмерна“.
,,Вечер со почеток од 17 часот ке се одслужи вечерна богослужба празнична со акутист кон Свети Никола. Утре со почеток од часот ќе се одслужи света архиерејска божествена литургија на која што ќе чиноначалствува неговот блажество архиепископт охридски македонски гг Стефан, заедно со повеќе митрополити и свештенства од брегалничката епархија. По завршувањето на литургијата се упаќаме со литија до улицата Ванчо Прќе до шеталиштето каде што има бина, каде што ќе биде прекршен славскиот колач и ќе биде благословена еве и новата година што ни доага. Некоја пригодна реч ќе одржи митрополитот г. Иларион.“, рече Јанев
Овие моштите, според информациите ќе останат да почиваат во градската црква Свети Никола, а понатаму на убави днеови ќе бидат изложувани за поклонение.
,,Моштите ќе бидат изложени на поклонение утре петок со тоа што голема радост наша е со благослов на неговото високопреосвештенство г. Иларион, тие мошти се донесени и ќе останат овде во храмот Свети Никола на поклонение на луѓето. Со тоа можеме да кажеме дека еве Свети Никола си дојде дома.“, посочи Јанев
Инаку, Свети Николај мирликиски чудотворец, се празнува секогаш на 19 декември, менува ден, но никогаш датум. Овој светец е заштитникот на Штип.
Иван Митев, М-Нет