
„Може да не биде и ќе не биде“, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по неодамна добиеното светско признание за најдобро имплементиран проект „Безбеден град“. Според него, доколку со ваква посветеност се реализираат сите клучни проекти во наредниот период, Македонија ќе стане поубаво место за живеење, а идните генерации ќе имаат многу подобро утре.
,,Пред се и над се им благодарам на сите македонски граѓани учесници во сообраќајот, кои што покажаа и докажаа дека Македонија во 2026 година на светско ниво може да добие признание за најдобро имплементриан проект за спасување човечки животи. Ценам дека ваквото признание е доказ дека може да не биде и ќе не биде, само треба да работиме посветено, да имам јасна цел и визија каде треба да стигнеме, чесно и сите заедно. Ако вака се нафатиме да ги буткаме сите оние проекти кои што се потребни да се реализираат во наредниот период, за Македонија да биде поубаво место за живеење, верувајте ми дека утрото за нашите деца ќе бие подобро од она кое што ние сме го дочекале.”, вели Тошковски
Тошковски истакна дека бројот на загинати во сообраќајот годинава е драстично намален и до денес изнесува 85 жртви, за разлика од лани кога до крајот на ноември животот го загубиле 129 лица.
Инаку, по Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Охрид, системот „Безбеден град“ од почетокот на декември официјално ќе проработи и во Струмица, каде што камерите веќе се поставуваат, а потоа следуваат Штип и Битола.
Иван Митев, М-Нет