Мнет ТВ ќе биде на лице место на „ Johan Cruyff Arena“ во Амстердам

Македонската новинарска екипа заедно со најблиските на репрезентативците и вработените од ФФМ денес наутро околу 9 часот по романско време полета од аеродромот во Букурешт за да околу 9 часот по македонско време слета на аеродромот во Скопје. Поради забраната од холандската влада не беше дозволено да се патува од Букурешт за Амстердам, но на аеродромот во Скопје не пречека Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини со радосна вест дека сепак новинарите ќе патуваат на натпреварот Холандија – Македонија. Точно во 13.30 часот во просториите на ФФМ се изврши ново тестирање кое покажа дека сите тестови за спортските новинари се нагативни и ноќеска во 4.30 часот со авион се полетува за Белград. Агендата предвидува лет од Белград за Амстердам во 7 часот а слетување во Амстердам во 9.35 м. по што веднаш се заминува на трениг на нашата селекција. По сместувањето во хотел следуваат слободни активности а следниот ден повторно посета на тренинг и на прес конференција на македонската репрезентација. Натпреварот Холандија – Македонија ќе се одигра во понеделник на „Johan Cruyff Arena “ со почеток во 18.00 часот. Македонската новинарска екипа ќе се врати во Скопје во вторник 22 јуни во 13,00 часот. Спортската редакција на Мнет ТВ ќе биде на лице место на Европското првенство, со постојани извештаи и разговори со наши фудбалски гости ќе информираме за настаните во Амстердам, за атмосферата во таборот на репрезентацијата, за навивачките активности за кои мора да признаеме дека се покажаа во вистинското светло со својата љубов кон репрезентацијата, со патриотизмот за историскиот успех со самиот пласман и без разлика на постигнатите резултати.

Во Букурешт во вистинско време и на вистинско место свој концерт одржа нашиот „Маестро“ Симон Трпчевски кој на концертот дојде во дрес на македонската репрезентација, со навивачки шал кој го доби од новинарот Горан Кипријановски а кој шал Симон со несекојдневен гест на добра волја го поклони на Диригентот што предизвика еуфоричен аплауз од присутните посетители. Самиот Симон Трпчевски се дружеше со нас спортските новинари и ја имавме честа заедно со специјалниот автобус да патуваме до нашиот хотел во Букурешт.

„ЕУРО 2020“ Специјално за Мнет ТВ – Штип, Драги Герасимов – Пушка