
Младата кикбоксерка Антонија Тасева од Штип, ќе учествува на Светското првенство за кадети и јуниори во Италија, кое ќе се одржува во период од 18 до 27 септември.
Тасева која доаѓа од штипскиот кикбокс клуб Гладијатор Фајт е подготвена за предизвикот кој следува пред неа, откако во изминатиот период имаше интензивни подготовки со нејзиниот тренер Шенол Асанов.
Тасева ќе настапи во категорија на минус 60 килограми, а конкуренцијата е повеќе од силна, но како што вели и нејзиниот тренер Асанов, заедно веруваат дека во Штип ќе се вратат со медал и ќе ја израдуваат не само штипската, туку и македонската спортска јавност.
Со позитивни мисли Антонија Тасева во четврток навечер ќе замина за Италија.
Александар Ванев, М-Нет