
На денешната прес конференција на носителот на советничка листа од СДСМ, доктор Александар Мишев тој истакна дека ќе иницираат парамедицинска служба, со што ќе и се олесни работата на Брзата помош, но и ќе се намали притисокот врз Клиничка болница Штип.
„Парамедицинската служба ќе пружа прва помош на лицата во потреба, инфаркти, повреди на улица, сообраќајни незгоди и ќе ги проследува до најблискиот медицински центар Брза помош и Клиничка болница. Со тоа се ослободува Брзата помош да се занимава со случаеви од итен карактер. Исто така на тој начин ќе се намали притисокот врз Клиничката болница каде сега пристигнуваат и случаи кои не се за таму“ – истакна Мишев.
Со ова за пократко време ќе се пристигнува на потребното место и првично ќе се утврдува потребната интервенција. Со овие проекти и сите досега ветени, Мишев ја побара довербата на граѓаните на 17 октомври.