Мицкоски: Поставување ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за да се подобри енергетската ефикасност

Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се можни, за тоа е потребно време„ истакна мандатарот Христијан Мицкоски на Македонскиот енергетски форум. Од особено значење е да се воочи релноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар. Исто така напомена дека енергетската ефикасност во иднина ќе биде главен приоритет на Владата. Наспроти енергетската транзиција треба да се земат предвид социјалните аспекти. Тој нагласи дека меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе биде инвестицијата во енергетиката а тоа значи поставување на нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија,

„Треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија, ако сакаме да расте таа економија, во спротивно би оделе наназад и би се случиле одлив на мозоци, 8 од 10 мои студенти си одат бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е еден голем предизвик за нас како влада, реализираме нешто материјално, нешто опипливо.“ посочи Мицкоски

„Овој проект е дел од нашата изборна програма, ќе биде дел од идната влада затоа се нарекува и оваа влада „еколошка влада“ за да го намалиме воздухот, и ќе го зголемиме воздухот на животната средина во главниот град и насекаде на друго место.“ вели Мицкоски

Учесниците на форумот ќе имаат за цел да ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите како и за финансирањето на реформите кон зелената транзиција.

Лаура Стојанова, М-Нет