Лесна облека и консумирање течности како најефикасни за заштита од високите температури

Сведоци сме на високите летни температури кои ја зафатија државата. Докторите постојано апелираат да се заштитиме се со цел да се избегнат несакни последици по здравјето. Во оваа прилика доторката Валентина Митрова препорачува да се носи светла лесна облека и да се пиjат многу течности.

„Препораките се да се избегнува периодот после 11:00 до 17:00 часот кога е најголемо зрачење и температурите си го прават своето. Оние кои што поради работните обврски се изложени и морат да бидат присутни во тој период да се хидратираат со вода обавезно, без алкохолни пијалоци да бидат заштитени со лесна светла облека, капи“ вели Митрова

За хроничните болни и трудниците важи правилото да ја земаат препорачаната терапија од матичниот лекар и се повеќе да се консумира овошје и зеленчук а масната храна да се избегнува

„Хроничните болни и трудниците по наредбата што вчера ја издаде Министерството за здравство на нашата земја се ослободени од работните обврски, да ја користат редовната терапија која што е препишана од нивниот матичен лекар, да зимаат лесни и чести оброци со избегнување на масна храна -пржена. Македонија е поднебје кое изобилува со зеленчук и овошје така да топло препорачувам тоа да биде исхраната.“ посочи Митрова

Периодот за движење надвор од дома би бил од 07:00 до 11:00 часот после овој термин не се препорачува излегување бидејќи тогаш температурите се зголемуваат и можат да предизвикаат несакани ефекти

„Од раните утрински часови од 07:00 до кај 11:00 часот оти не се препорачува ако нема потреба и не бараат обврските да бидеме изложени на овие високи температури кои што траат деновиве“ изјави Митрова

Во периодот кој следи метеоролозите најавуваат дека ни претстои уште еден жежок бран со високи температури, што значи дека најидеално би било да се одмора во домашни услови и да се пие многу вода за да не дојде до дехидратација.

Лаура Стојанова, М-Нет