
Изградбата на браната Речани итно треба да се забрза, посочи Мицкоски прашан како го коментира спорото одвивање на овој процес. Според него изградбата на браната е од огромно значење за кочанчани, а споредувајќи со браната која се гради во Штип, вели дека ниту овде не се дава заслуженото внимание, туку се користи како изговор.
„Браната Речани навистина е важна, затоа што по гравитација нема да се користат пумпи за испумпување на вода од бунари и за тоа да се троши многу струја и тоа да го оптоварува буџетот на КЈП кое врши водоснабдување. Затоа е важно оваа брана да се направи, јас жалам што ова сега го слушам од вас. Тоа не смее да се дозволи и треба граѓаните да се организираат со протести за да се забрза овој процес. Да се види што е работата, ако се парите проблем, да се обезбедат доволно средства“, вели Мицкоски.
Парите коишто сега се трошат за електрична енергија, додава Мицкоски, со изградбата на браната ќе може да се пренаменат за промена на водоводната мрежа, но и за други намени. Тој ги охрабри пратениците во следниот буџет да поднесат амандман, доколку не се предвидени средства за изградба на браната.
Ребека Спасова М-Нет