
Министерството за здравство со препораки за заштита од високите температури и индексот на ултравиолетово зрачење. Во зависност од индексот, од таму со посебни препораки, а со оглед на тоа што деновиве индексот е над осум се препорачува особено внимание при изложување на сонце.
„8-10 Потребна е заштита од оштетување од сонце. Ако треба да бидете надвор во текот на пладневните часови помеѓу 10 и 16 часот, преземете чекори за да ја намалите изложеноста на сонце. Кошула, капа и крема за сончање се задолжителни, а бидете сигурни дека барате сенка. Посетителите на плажа треба да знаат дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ и може да ја удвојат изложеноста на УВ. Истите препораки важат и за индекс на д 11.“ – се вели во соопштението на Министерството.
Од таму потсетуваат и на општите препораки за заштита на здравјето, односно останување во заворени климатизирани простории и внесување големи количества течности и помало количество храна. Воедно се апелира и на внимание поради зголемената можност за појава на труења со храна.
„Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.“ – додадоа до Министерството.
На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Доколку има пораст на температурите согласно со најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.
Ребека Спасова М-Нет