
Два натпревари од втората рунда на Втората македонска фудбалска лига овој викенд нема да бидат одиграни, односно истите се одложени и ќе се играат во друг дополнителен термин кој ќе го одреди Фудбалската федерација на Македонија.
Причината поради која се одложуваат натпреварите во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид и во Тетово меѓу Тетекс и Работнички е тоа што има од овие екипи има повик за фудбалери кои ќе настапат на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Овие натпревари ќе бидат одиграни во нов термин, а викендот на програмата ќе бидат пет натпревари. Еуромилк ГЛ ќе игра против Македонија ЃП, Камјани против Осогово, Кожуф и Шкупи во дуел кој се игра во Гевгелија за први бодови, Новаци ќе ја пречека Беласица, а пак Пелистер како домаќин против Брера наместо во Битола ќе игра во Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет