Мега дерби меѓу Слога Виница и Овче Поле, супер-дерби на Брегалница Делчево и Малеш од Берово – натпревари од висок ризик!

Овој викенд со натпреварите од деветтото коло ќе заврши есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, по што екипите ќе заминат на репрезентативна пауза.

Последното коло од есеснкиот дел носи интересни натпревари со дерби на коло и локални дерби натпревари.

Дербито на колото во Виница, и супер-дербито во Делчево ќе бидат натпревари од висок ризик.

Во Виница ќе се одигра дербито на колото меѓу лидерот Слога Виница и второпласираниот Овче Поле, меч каде трите бодови се императив и на двете страни, а без разлика на исходот Слога Виница е есенски шампион, но повеќе од јасно е дека екипата на Емил Грнев ќе сака со триумф да го заврши есенскиот дел, бидејќи во претходното коло загуби од Карбинци. Дербито на колото е натпревар од висок ризик, а ова го потврди и секретарот на Трета лига – Исток, Столе Тошев за М Нет телевизија.

Локално дерби ќе се игра на стадинот „Кукуш“ во Турново, каде ќе се соочат Тиверија и Хоризонт Турново, во дерби каде Тиверија ќе бара трета победа, а пак поранешниот прволигаш ќе сака сака четврта радост. Овој натпревар требаше да се игра на општинското фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица, но поради зафатеност на теренот истиот ќе се игра во Турново.

Во Делчево ќе се одигра Малешевско дерби меѓу Брегалница Делчево и Малеш од Берово каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит, а каде императивот за трите бодови и престижот е многу голем. Овој натпревар е натпревар во висок ризик, за М Нет телевизија потврди секретарот на Трета лига – Исток, Столе Тошев.

Уште едно локално дерби на Светлост и Карбинци на теренот во Зрновци каде домашниот тим ќе бара втора радост, а пак Карбинци сака четврта победа и со тоа би можел сезоната да ја заврши во горниот дел од табелата.

Дерби регионално во Југот ќе одиграат Ударник и Дојранско Езеро во Пирава каде домаќинот сака победа со цел да не презими на дното од табелата, а пак Дојранско Езеро со триумф би можел сезоната да ја заврши и на третото место.

Натпреварите се играат в недела од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет