Мал Ајакс ќе презими на претпоследното место – Проект есенски шампион, Форца тешко да ја одбрани титулата!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Заврши есенската полусезона во Првата футсал лига, екипата на Проект е есенски шампион со максимални 27 бодови. Поранешниот шампион од Јосифово има девет од девет, а со тоа има и шест бодови повеќе во однос на бранителот на двојната круна Форца, која е втора со 21 бод.

Оваа разлика е сериозна бидејќи Форца загуби со високи 6:1 од Проект во гостин, а притоа дома неочекувано загуби од штипски Мал Ајакс со 5:6 и практично овие два порази, а особено поразот од штипјани Форца може да ги плати со тоа што ќе остане без титула.

Кеги Моби есенскиот дел го заврши на третото место со 21 бод како што има и Форца, Бутел е четврти со 13 бодови, а пак тимот на Клими е на петтото место со 12 бодови, колку што има и тимот на Јувентус Серава кој е шести на табелата.

На седмата позиција е тимот на Балкан, дебитантот собра девет бодови за седмо место, а толку има и Осогово од Крива Паланка кој е место подолу. На претпоследното деветто место заврши Мал Ајакс, штипскиот тим има учинок од две победи, од кој едната е над шампионот Форца и со шест бодови ќе презими на деветтото место, а на дното е Шкупи како последен со четири бодови.

Битката за опстанок ќе биде неизвесна, а околу борбата за титулата веќе патот е отворен за Проект кој зависи сам од себе – со право на две грешки речиси извесно е дека титулата ќе се врати во Јосифово.

Александар Ванев, М-Нет