
Освен што Макфест оваа година нема да биде од натпреварувачки карактер, новитети се предвидуваат и во начинот на организирање како и спроведување на единствениот фестивал на забавна музика. Јорданов истакна дека освен во Дом на култура граѓаните ќе имаат можност истиот да го следат и на плоштадот Слобода во Штип.
„Она коешто е променето во концептот е тоа што по завршувањето на фестивалската вечер ќе имаме еден настан во централното градско подрачје на градскиот Плоштад каде во живо најпрво ќе се пренесува фестивалот, а веднаш по завршувањето на фестивалот ќе има можност познати домашни музички имиња да ги испеат познатите рефрени, хитови од Макфест и со тоа да ја забавуваат штипската публика, но и исте гости кои ќе бидат од страна. Ова е еден новитет затоа што освен што забавата се префрлува по завршувањето на фестивалот во угостителските локали сметаме дека треба да се префрли на плоштадот“ – кажа Јорданов.
И покрај новитетите и оваа година остануваат дел од традициите на Макфест. Сечењето на тортата и тадициноналниот коктел остануваат и оваа година.
„По однос на тадиционалниот коктел, сењето на торта која се одржува веднаш по завршувањето на оној официјален дел од фестивалот, ќе продолжи таа нефромална забава.“ – додаде Јорданов.
Оваа година Макфест е финансиран од страна на Општина Штип, како и спонзори, подржувачи и пријатели.
Лаура Стојанова М-Нет