Бобан Николов: Или натпревар пред полни трибини или одлагање на мечот Македонија-Косово

,,Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите ,,спектакл,, Ова е цитат од предлог изјавата на штипјанецот Бобан Николов инаку стандарден репрезентативец на Македонската репрезентација и капитен на младата селекција, која за прв пат во историјата избори настап на Европско првенство.


Бобан Николов го посочува здравјето на луѓето и ја почитиува одлуката и препораките на институциите за играње на средбата Македонија – Косово без публика, но како фудбалери и репрезентативци кои се изборија за историска шанса за пласман на ЕП, би сакале овој натпревар да се одигра пред полни трибини и со подршка на македонските навивачи.

„Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот“ – се зборовите на Бобан на неговиот ФБ профил, затоа одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати.И наку за Плеј офф натпреварот Македонија – Косово, кој треба да се одигра на 26 март со почеток во 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“, според информациите од организаторот картите веќе се распродадени.