Македонската женска кошаркарска репрезентација против Естонија во „Џексон“, штипјани со поддршка од трибините и за Ива Колева

Македонската женска кошаркарска репрезентација денес ќе се соочи со Романија во Букурешт, во рамките на ноемврискиот циклус од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Три дена подоцна в сабота на 14 ноември, во новата спортска сала „Џексон“, нашата репрезентација ќе ја пречека Естонија.

Ова ќе биде прв репрезентативен меч одигран во „Џексон“ по неговото официјално пуштање, со што штипјани ќе имаат можност да гледаат женската кошаркарска репрезентација и да дадат силна поддршка на нашите кошаркарки.

Причина плус штипјани да бидат во салата е тоа што во сениорскиот дрес ќе ја видат и штипјанката Ива Колева, која испиша историја, на само 17 години стана првата штипјанка во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија!

Александар Ванев, М-Нет