Македонија ЃП и Башкими израмнети на врвот, Брегалница е во бараж зоната, голема борба за опстанок во Втора лига!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Ќе се разгорува битката за опстанок во Втората лига, но и битката за влез во Прва лига.

Вардарски со 2:0 триумфираше против Борец на домашен терен и со тоа доаѓа на само два бодови од Борец и на минус пет од Осогово кој е во бараж зоната, а во меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија, секако и на каналот на ФФМ, со што продолжува соработката на М Нет и ФФМ.

Осогово на домашен терен загуби од Брегалница со 1:2, откако штипјани триумфираа со гол од пенал, па пред Осогово останува битката за опстанок, а пред Брегалница битката за Прва лига.

Македонија ЃП се „сопна“ во Македонска Каменица откако одигра 0:0, а не искористи и пенал, откако Велкоски не погоди, неговиот удар беше одбранет, па сега Македонија ЃП го дели врвот заедно со тимот на Башкими, кој па со 3:0 убедливо го совлада Охрид.

Арсими на гостински терен со 0:2 беше сигурен против Новаци, а со таков резултат и Кожуф славеше против Вардар Неготино. Минимален триумф од 0:1 забележа и тимот на Беласица против Победа во Струмица, а пак Скопје и Детонит Плачковица ремизираа играјќи 2:2.

Македонија ЃП е на врвот со 45 бодови, а толку има и Башкими кој е втор, Брегалница е трета во бараж зоната со 42 бодови. Арсими е четврти со 36 бодови, Саса е петта со 32 бода, Охрид е шестти со 31 бод.

По 30 бодови имаат Детонит Плачковица, Скопје и Кожуф за делба на седмото место, десетта е Беласица со 25 бодови, Победа е на 11. место со 21 бод. По 20 бодови имаат Новаци и Вардар Неготино.

Во бараж зоната за опстанок е Осогово со 13 бодови, Борец е во зоната за испаѓање со 10 бодови, а Вардарски е последен со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет