Македонија ЃП е лидер, Брегалниза за првпат загуби и сега е трета! Осогово, Борец и Вардарски на дното!

Брегалница го запиша првиот сезонски пораз откако загуби на гостувањето кај Македонија ЃП, во дербито на 11. коло во Втората лига во дербито на двата лански прволигаши.

„Лавовите“ запишаа победа од 3:0 и со тоа избиваат на врвот од табелата со 26 бодови, колку што има и Башкими кој е на второто место, а сега Брегалница се спушта на третото место или во бараж зоната за Прва лига со 24 бодови или два помалку од водечките екипи.

Арсими сега е на четвртото место со 23 бодови, но има само бод помалку од штипска Брегалница, а три помалку од водечките Башкими и Македонија ЃП. Во ваков случај горниот дел од табелата стана навистина неизвесен, а тука секако сериозно се вмеша и Охрид кој е на петтото место со 20 бодови, со тоа што има само четири бодови помалку во однос на Брегалница, а овие две екипи ќе се соочат во Штип во рамки на 14. коло, а пак охриѓани имаат шест помалку од водечките екипи.

Кожуф е на шесттото место на табелата со 17 бодови на своето конто и како да го губи веќе ритамот за тоа трето место и баражот, бидејќи тимот од Гевгелија веќе има негатива од седум бодови.

Беласица со млади играчи покажа, но и докажува дека може да се носи во Втората лига со тоа што се проби до седмото место на табелата со 16 бодови, со што многу екипи кои беа пред струмичани сега се зад нив.

Детонит Плачковица се спушти до осмото место на табелата со 15 бодови, а толку бодови има и Каменица Саса која влегува во победнички ритам и сака висок пласман. Победа дојде до десеттата позиција со 13 бодови со што ако се спореди со минатата сезона прилепчани се многу подобри и сигурно е дека ланското сценарио со опстанок преку бараж ќе се избегне.

Вардар Неготино со две победи во низа дојде до 11-тото место со 11 бодови колку што има и Новаци кој е место подолу, а пак Скопје е на 13-тото место со 10 бодови.

Во дното три екипи. Осогово е во бараж зоната со пет бодови, претпоследен е Борец исто така со пет бодови и во зоната за директно испаѓање, а на дното е Вардарски со два бодови.

Александар Ванев, М-Нет