
Фудбалската репрезентација на Македонија го доби противникот за баражот за опстанок во Б сегментот во Лигата на нации. Денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион посака Македонија да вкрсти со репрезентацијата на Кипар.
Македонија беше носител на ждрепката со репрезентациите на Израел, Романија и Грузија. Од друга страна како потенцијални противници беа репрезентациите на Естонија, Белорусија, Фарски Острови и Кипар.
Македонија за противник го доби Кипар, репрезентација против која ќе бараме опстанок во Б сегментот на Лигата на нации. Бараж натпреварите ќе се одиграат во период од 25 до 30 март 2027 година. Првиот дел го играме на гости, а пак реваншот ќе биде во Македонија.
Само двапати досега Македонија играла со Кипар. Првиот пат во далечната 1994 година кога на 17 декември во рамките на квалифиакциите за Евроспкото првенство во Скопје со 3:0 нашата репрезентација беше подобра од Кипар, а хет-трик постигна Бошко Ѓуровски.
Вториот меч Македонија го играше на 11 октомври 1995 година во Лимасол, а избраниците на селекторот Андон Дончевски освоија бод откако конечниот резултат беше 1:1, а стрелец на погодокот за Македонија беше Борче Јовановски.
Победникот од двомечот ќе обезбеди место во лигата Б на Лигата на нации, а пак поразениот тим ќе биде дел од Лига Ц.
Инаку, во однос на останатите средби, Естонија ќе игра со Романија, Фарски Острови ќе се соочи со Грузија, а пак Белорусија го доби Израел.
Александар Ванев, М-Нет