Луксуз ли е денес да се направи свадба и евтино ли е да се биде гостин?

Луксуз ли е денес да се направи свадба и евтино ли е да се биде гостин?

Облека, шминка, фризура, подарок, и за гостите свадбата значи дополнителен трошок. Но, сосема друга приказна е кога свадбата треба да се направи. Ресторан, музика, декорација и сите останати трошоци ја дигаат цената. Колку чини денеска да се биде гостин, а колку да се направи свадба

Додека едни велат дека не е толку скапо да се направи свадба и дека тоа е голема радост, посебно кога се собрани сите најблиски, други велат дека свадбите чинат многу, но сепак мора да се направи, бидејќи таков е адетот и редот

Граѓаните додаваат дека денеска и бројот на гости е помал, се канат најблиските и луѓето со кои навистина се знаат и дружат, а не како порано, свадбата да биде место каде што првпат ќе се запознаат со некого.

Иван Митев, М-Нет