Лимени гаражи на јавна површина во Штип сѐ уште има, според надлежните се отстрануваат етапно

Дел од лимените гаражи во Штип кои ги има на повеќе локации во градот веќе се отстранети, друг дел сѐ уште стојат на своите места. Граѓаните сопственици на лимени гаражи кои биле одговорни и ги отстраниле своите објекти, откако добиле известување дека треба да се отстранат регираат дека законите не важат за сите поденакво. Имано, пред нешто повеќе од една година, на лимените објкети кои беа поставени на јавна површина се залепија изветувања од страна на општината дека треба да бидат отстранети или во спротвино општината ќе ги отстрани на трошок на сопствениците. Дел од нив ги остранија гаражите, а на нивно место се направија нови паркинг плацеви за доброто на граѓаните. Но, другиот дел од гаражите сѐ уште стојат, не се остранети ниту од граѓаните сопственици, ниту од општината. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека објектите ќе се отстрануваат повремено, откако ќе се направи план на одредена јавна површина да има некоја содржина.

„Сите јавни површини кои според планот и програмата за работа на јавните претпријатија на Опшштина Штип ќе бидат предвидени за урбанизирање, за додавање на одредени содржини кои што ќе бидат од корист на нашите сограѓани и доколку на овие јавни површини има поставено лимена гаража или некој друг бесправно поставен објект ќе бидат отстранети. Морам да напоменам дека по потреба доколку констатираме дека на површината каде треба да се одвиваат одредени промени и градежни активности има вакви објекти истите ќе бидат остранети. Сега за сега тоа е одлуката која што ја спорведуваме, не можеме да заземеме генерален став дека цела територија на Општина Штип во еден момент ќе ги отстрануваме сите, туку само на оние позиции каде практично според ДУП предвидено да има одредена содржина“ -кажа Јорднов.

Конкретно во населба Автокоманда во Штип од каде што пристигнаа и реакциите о граѓаните, Јорданов истакна дека таму моментално се изведуваат градежни активности.

„Таму веќе се работи на уредување на целата улица, исто така како што сум запознаен и како што е барањето на тамошните жители ќе се уредува една површина која е веднаш позади станбените единици. Доколку наидеме на вакви бесправо поставени објекти сите ќе бидат отстранети.“ – додаде Јораднов.

Со отастанувањето на лимените гаражи во населба Осми Ноември во Штип граѓаните добија нов паркинг простор, а уредување е предвидено и за останатите населени места на територија на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет