Лидерот Железарец со прв „кикс“ во Свети Николе, висок пораз за Фудбал Старс од Кочани

Во рамки на 6. коло на Втората футсла лига беа постигнати голем број на погодоци, а притоа беа забележани високи победи, но се случи и првиот „кикс“ на лидерот Железарец.

Лидерот Железарец останува и натаму непоразен, но го забележа првото реми откако во Свети Николе одигра 3:3 со Овче Поле во дуел на два поранешни прволигаши.

Железарец цели кон експресно враќање во елитата, а тимот на Овче Поле откина бодови од фаворитот пред својата публика.

Црна Река со високи 10:4 го доби тимот на СЕЕ Университи и продолжува да го следи чекорот на лидерот од Скопје, додека пак тимот на Фудбал Старс од Кочани забележа пораз од екипата на Студеничани со високи 5:1.

Конзули со 9:1 го доби „фенерџијата“ Карадаку, а пак ССК Скопје ја доби голеадата со Партизан Југ во меч кој заврши со резултат од 9:7.

Во однос на табелата на врвот е Железарец со 16 бодови, втора е Каршиака со 12 бодови, Црна Река е трета со 11 бодови, а пак Фудбал Старс од Кочани е четврти со девет бодови, но овие две екипи имаат меч помалку.

На дното е Карадаку без бодови, Конзули е десетти со четири бодови, а пак Овче Поле е деветти со пет бодови, но и меч помалку.

Александар Ванев, М-Нет