
Летното време продолжува и во наредните денови, со високи температури и претежно сончево време низ целата земја. Од Управата за хидрометеоролошки работи, дежурниот синоптичар Марија Цветковска Атанасова информираше дека денес ќе преовладува сончево време со мала локална облачност, додека утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
„Претпладневи преовладува сончево и тивко време во 11 часот се измерени 25 степени во Берово и Крива Паланка, 26 Виница, 28 во Штип, Демир Капија и Велес, 29 Кавадарци и 31 во Гевгелија. До крајот на денот ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната тампература ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Во источните делови ќе дува северозпаден ветер кој повремено ќе надминува брзина од 50 км на час. Минималната температура за утре ќе биде во интервал од 9 до 15 степени, а максималната воинтервал од 28 до 36 степени. Од понеделник времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога повремено ќе надминува брзина од 50 км на час.“- Марија Цветковска Атанасова
Како што најави Цветковска Атанасова, источните делови ќе дува повремено засилен северозападен ветер, а од почетокот на следната недела времето повторно ќе биде претежно сончево со умерен до засилен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат до 36 степени.
И покрај краткотрајните врнежи што се очекуваат утре, летното и топло време ќе продолжи и во текот на следната недела.
Дајана Сандева, М-Нет