
Вака пензионеирите со минимална пензија преживуваат од први до први. Ситуацијата велат им е многу загрозена оти пари имаат или за храна или за лекови и сметки.
„Па те лебче си јадам уште сол ми треба. Многу лошо, треба да не сванат нас дека пензионерите се многу загрозени. Има луѓе што земаат 13 илјади денари пензија и не може да си ја платат сметката, кај ни се апчињата“
Ако се направи математика, на пензијата од 13 300 денари да се одземат сметките за вода струја и телефон, дополнително сметките за лекови, за храна речиси и да нема.
„Струја 2.500 денари, телефон 2.500 денари, телефон 1500, лекови 3000 денари – што останува од 13. 300 денари. “
Пензионерите се револтирани од покачувањето на пензиите од 5.3% оти како што велат за нив тоа е недоволно.
Лаура Стојанова М-Нет