Лани најмногу пари се трошеле за храна, најмалку за здравје, граѓаните најмногу јаделе леб и компири

Над половина од домашниот Буџет лани граѓаните го трошеле за храна и пијалоци, најмалку пари се двоеле за здравје. Домаќинствата во 2022 година над половина од домашниот буџет 51,5 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб 191,1 кг и компир 76,3 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо 19,3 и риба 18,3 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци 170,4 литри и млеко 88,2 литри.

За пијалаци и тутун, најголем дел од домашниот буџет одел за тутун 11 850 денари, потоа за кафе, чај и какао по 4 593 денари, додека за безалкохолни и алкохолни пијалаци се трошеле исто, по 3 447 денари.

Втора најголема ставка во семејниот буџет или над 10 проценти, домаќинствата трошеле за станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива, за што во просек одвојувале по 31 486 денари и трета е сообраќајот со 5,5 проценти или 16 158 денари од домашниот буџет.

Во просек по околу 9 450 денари од семејниот буџет се трошеле за здравје и исто толку за ресторани и хотели.

Граѓаните на терен согласни дека за храна се издвојувале најмногу пари, потоа велат за сметки за струја и вода, ама децидни се бараем повозрасните штипјани дека половина пензија ја трошеле за лекови кои од ден на ден ги купувале се поскапо.

Над десет проценти од семејниот буџет на домаќинствата одел за режиски трошоци, додека за сообраќај трошеле по околу 16 илјади денар или 5,5 отсто, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Република Македонија за 2023 на Државниот завод за статистика.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2022 година.

Лаура Стојанова М-Нет