
Да се избегне шетањето на кучињата во периодот кога температурите се екстремно високи, да им се дава доволно вода и лесна храна, и да се заштитат од крлежи и болви, се препораките на докторот по ветеринарна медицина, Зоран Божиков од Штип во текот на летото. Тој упатува апел и до сите сточари, да не пуштаат на паша животните во текот на високи температурите, како и да им даваат исто доволн овода.
,,Па, да секако, значи да се избегнува шетање на кучиња, мачки и некои други домашни миленици, да се шетаат во раните утрински часови, да не е тоа во период кога се температурите екстремно високи, да имаат доволно количина на вода, полесна храна во летниот период за оние држатели на животни коишто се во селата, тие работи да ги избегнуваат пасењето, животните кога е жешко, кога има високи температури, да бидат достапни поила и така” , рече Божиков
Божикот истакна дека сезоната на крлежи почнува од април и трае до доцната есен. Рече дека тие претставува проблем, бидејќи сами по себе предизвикуваат заболувања кај животните.
,,Да, да, секако, не само летниот период, туку пролет, тука некаде март, април, веќе почнува сезона на крлежи, веќе до касна есен и претставува проблем. Проблем претставува секако за животните, бидејќи крлежот само по себе може да предизвика заболувања, така да значи имаме и такви мерки коишто ги преземаме кај одредени животни кога се појават, па и превентивно со цел да се спречат да не дојде до тие несакани појави. Имаме и средства со коишто се третираат животните, средства коишто се внесуваат и орално или се интермускуларни и така повеќе видови средства со коишто се спречуваат, значи превентивно да не дојде до појава на инвазии од крлежи”, подвлече Божиков
Кога е во прашање размножувањето на животните во текот на летниот период, Божиков тврди дека е многу ретко, додавајќи дека најголем дел од размножувањето се одвива во зимскиот период и раната пролет.
,,Да, да, се размножуваат, не сите, меѓутоа се размножуаат, во главно во зимскиот период и рана пролет, обично период во којшто најчесто се размножуваат животните. И понатаму во есенскиот период многу ретко, но сепак можно е и во летниот период”, додаде Божиков
Божиков повторно апелираше, сопствениците на милениците да им даваат доволно количина вода, полесна храна и да ги шетаат во раните утрински часови, се со цел да не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет