
Од некогашните полни ниви со насаден тутун и род од 80 тони, денес селото Кучица останува со се помалку и тутун и народ. Годинава едвај 40 тона ќе излезат од селото, а причината, велат тутунарите, е едноставна. Субвенцијата е намалена за 40 денари, па наместо на нивите, селаните се почесто заминуваат да бараат работа во Штип или во Карбинци. Празни дворови и затворени куќи се почеста слика во селото. Сали Ибраими, еден од оние кои што се уште се труди тутунарството да оживее, вели и тој пополека ја губи надежта.
„Па во нашето село јас знам и до 80 тона тутун е излегувало, лани имаше 50 тона, а оваа година едвај 40 тона. Многу малку, луѓето веќе одат и на работа и почнаа многу помалку да работат, бидејки не им се исплаќа. До лани зимавме по 120 денари субвенција, оваа година по 80 денари. Дополнито се иселуват од 40 куќи, едвај 20 има “, вели Ибраими
Се повеќе семејства го напуштаат селото и се преселуваат во пониските села, како Радање,но и во Штип. Ако годинава откупната цена повторно биде под 500 денари за килограм, тутунарите велат дека ситуацијата ќе биде уште потешка
,,Се иселуваат во Штип, во Радање. Ако и оваа година тутунот се откупува испод 500 денари нема да е исплатливо. Мора и субвенцијата да е поголема.“, додава Ибраими
Инаку, годинава Сали за М-Нет телевизија вели дека имаат квалитетен и добар тутун, а во моментот ја берат дури четвртата рака. Очекуваат добра цена за да останат да се занимаваат со оваа гранка.
Иван Митев, М-Нет