
Поставувањето на Горан Трајков за нов директор на Дом за култура „Ацо Шопов“ Штип, деградирачки чин, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Со поставувањето на новиот директор, сите оние кои се заложувале за творештво и култура се помножени со нула, изјавија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Уништувањето на културата значи уништување на еден народ, јазик и иднина. Со поставувањето на Горан Трајков на директор на Домот за култура, СДСМ ја девалвира оваа свера до непретпознатливост. Со поставување на лице кое ја предводеше Шарената револуција во нашиот град Власта ја понижува целата оваа културна фела“ – беше дел од соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Новиот директор на Дом на култура, Трајков истакна дека на оваа позиција дошол согласно барањата кои претходно биле поставени.
„Изборот за директор по распишаниот конкурс на Министерството за култура е направен согласно постоечките закони, на истиот се имам пријавено во рокот за пријавување и ги имам исполнето сите услови, а целата постапка беше целосно транспарентна. Лицето кое го држи партискиот прес и го спори моето именување беше лице кое исто така се пријави на истиот конкурс и според решението кое јас го добив ( во прилог ви го проложувам) не ги исполнил условите и има образложение зошто ова лице не е одбран на огласот.
Шарената револуција и граѓанскиот активизам немаат никаква поврзаност со овој конкурс и избор. Небулозно е лице кое имало исто право како и јас да се пријави на конкурсот, а кое за жал не ги исполнува бараните услови, и не бил избран да зборува од партиска говворница за изборот и истиот да го спори. За подетални информации секој може да се обрати во Министерството за култура. “ – стоеше во соопштението на Трајков.
Лаура Стојанова М-Нет